Еден ЗБОР на Маск и цената на БИТКОИН скокна нагло

од Nikola Popovski
221 прегледи

Вредноста на дигиталната валута Биткоин денес нагло скокна откако трговците забележаа дека сопственикот на „Тесла“, Елон Маск, ја обележа оваа криптовалута во неговата биографија на „Твитер“.

Маск напишал само „# биткоин“ во својата биографија на таа социјална мрежа.

Тоа беше доволно за Биткоинот да достигне вредност од 37.060 долари за една дигитална монета, што е негова најголема вредност во претходните 10 дена.