Актерката Памела Андерсон се омажи за својот телохранител Дан Хејхурст на крајот на минатата година. Пред тоа, Дан бил во врска со извесна Кери, која баш и нема пофални зборови за неговата нова љубов.
Кери ја нарекла Памела „уништувачка на домови“, пишува „Мирор“. Таа тврди дека Памела го киднапирала нејзиното момче, со кое живеела пет години и има две деца.
„Ова не е љубовна приказна создадена во карантин, сето тоа е фасада. Тажно е што луѓето го слават и охрабруваат ова, кога сè започна со измама, негирање и животни порази за сите вклучени луѓе“, рекла Кери.
Таа посочува како таа и Дан сториле сè заедно. Оделе на семејни одмор и работеле заедно на многу проекти. Дан започна да работи за Памела есента 2019 година, а потоа, според Кери, тој ја исмејувал поради нејзината луда личност и барања. Сепак, сè се сменило во март минатата година, кога Дан започна да поминува се повеќе време со Памела.
„Тој остана кај неа и не доаѓаше дома. Се грижев за децата. На почетокот, тој негираше сè, но кога се соочив со него и го прашав дали спие со Памела, тој ми рече дека единствено што може да каже е дека ја преминал границата“, рекла Кери. После Дан земал слободно време да размисли за животот, но тоа резултираше со негово преселување со Памела во јули.
На Божиќ, Памела се омажи за Дан во тајна, приватна церемонија. Тоа е нејзин шести брак и петти сопруг. Таа за странските медиуми изјави дека е во рацете на човек кој ја сака. Венчавката била традиционална, а Памела имала винтиџ венчаница со долг превез и носела букет розови цвеќиња. Претходно, таа рече дека го запознала Ден на почетокот на минатата година, за што Кери тврди дека не е вистина.