Уапсени бугарски фалсификатори, имале пасоши со слика на Сталоне (ФОТО)

од Nikola Popovski
353 прегледи

Бугарското обвинителство обвини четири лица за фалсификување евра, долари и изработка на лажни бугарски документи, кои го промовирале „квалитетот“ на фалсификувани банкноти и документи покажувајќи лажен пасош со ликот на холивудската филмска starвезда Силвестер Сталоне.

Опремата за фалсификување е пронајдена како дел од заедничката акција на Европол и американската Тајна служба, при што бил извршен претрес на 30 локации низ Бугарија.

Шест лица биле уапсени откако беше пронајдена нелегална опрема за печатење банкноти и правење документи, како и голема количина на фалсификувани банкноти од 50 и 100 долари.

„Полицијата заплени и бугарски пасош со слика на познат американски актер, кој беше искористен како примерок за да им се покаже на клиентите високиот квалитет на нивните фалсификати“, се вели во соопштението на обвинителството.

Слични содржини