300
Британскиот вид на коронавирус е откриен во 17 градови во Турција, соопшти Министерството за здравство.
Мутираниот вирус е еден од факторите во зголемувањето на бројот на пациенти во Европа и затоа Турција мора да биде особено внимателна, напиша министерот за здравство Фахретин Коџа на својот Твитер профил.
– Во нашата земја се регистрирани 128 пациенти со мутираниот вид на вирусот. Британскиот сој е регистриран во 17 градови – напиша Коџа.
Турскиот министер за здравство, исто така, посочи дека оваа мутација не влијае на ефективноста на вакцината.