„Ниту една компанија за вакцини не може да ја уценува ЕУ“

од Nikola Popovski
183 прегледи

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритас Шинас изјави денес дека никој, па дури ниту една компанија, не може да ја „уценува или исплаши Европа (ЕУ) поради вакцините“, по повод одложувањето на испораката на вакцините од британско-шведската компанија „АстраЗенека“.

Во интервју за кипарскиот „Катимерини“, тој оцени дека не e неописливо тоа што компанијата „наместо да се фокусира на исполнување на своите обврски“, преку медиумите изјавува дека не може да го исполни договорот.

Шинас жестоко ја бранеше стратегијата на ЕУ по прашањето на вакцините и додаде дека без заедничка стратегија, трошоците на земјите кои не се членки за набавка на вакцини ќе бидат неподносливи, пренесува АНА.

Тој додаде дека тогаш големите земји ќе земаат вакцини од пазар до кој нема да имаат пристап средните и малите земји.