Граѓаните лесно ќе можат да пријават загадување до ДИЖС

321 прегледи

Во рамки на кампањата „Разбистри се“, Државниот инспекторат за животна средина во соработка со Институтот за комуникациски студии, ќе ја презентираат платформата за пријавување на загадување до Државниот инспекторат за животна средина.

Оваа платформа ќе овозможи, сите пријави од страна на граѓаните да пристигнуваат на едно место и да бидат проследени лесно со надлежните инспектори кои ќе реагираат на терен.

На предвидената прес- конференција, по повод презентацијата на платформата, ќе зборува в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска.

 

Слични содржини