307
Со сведоци предложени од одбраната, денес во Кривичниот суд ќе продолжи рочиштето за случајот „27 Април“.
На денешното рочиште ќе бидат сослушани сведоците во најголем дел од одбраната на Спиро Ристовски. Инаку, за потсетување, случајот се уште се наоѓа во доказна постапка.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.