И Британија на нозе по пучот во Мјанмар: Гласот на народот мора да се почитува и да се ослободат цивилите

343 прегледи

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, го осуди државниот удар во Мјанмар денес, откако армијата ја презеде власта во таа азиска земја.

„Аунг Сан Су Ки и другите цивилни водачи мора да бидат ослободени“, рече Џонсон, цитиран од Ројтерс.

Џонсон додаде дека „притворањето на цивили, вклучувајќи го и премиерот Аунг Сан Су Чи, е недозволиво“.

„Гласот на народот мора да се почитува и да се ослободат цивилите“, заклучи Џонсон.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб ја осуди вонредната состојба воведена од армијата во Мјанмар.

„Демократските желби на луѓето во Мјанмар мора да се почитуваат и двете страни да се помират“, рече Раб на Твитер.

Слични содржини