Управата за јавни приходи, ја објави најновата листа должнци на долгови доспеани до 30.09.2020 односно неплатени до 31.12.2020 по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, како и други давачки.
Како што информираат од УЈП долгот е повисок од 120.000 денари за физички листа, односно 300.000 за правните лица.
На оваа листа има имиња на 1.974 правни лица, и 2.961 физички лица.
Според тоа, правните лица се 43 помалку од претходната издадена листа, додека бројот на физички лица е зголемен за 105.
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10,5 милијарди денари (171 милиони евра), што е зголемување за 237.467.663 денари (3,8 милиони евра) во однос на претходната листа.