Принцот Хари доби судски спор против таблоиди

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Британскиот принц Хари го прифати „извинувањето“ и огромната компензација од издавачите на британските таблоиди „Мејл он Сандеј“ и „Мејл онлајн“ поради текстови кои ги објавија за него минатата година.

Спорните текстови објавија дека принцот Хари ја нападнал британската кралска морнарица по одлуката да се откаже од своите обврски во рамките на кралското семејство, објави Би-Би-Си.

Адвокатите на Хари ги нарекоа обвинувањата „неосновани, лажни и клеветнички“ и покренаа тужби против двата таблоида.

Сите пари што ги доби на име компензација во судскиот спор, британскиот принц ќе ги донира на Фондацијата Гејмс Инвиктус, која помага во учеството на воени инвалиди во спортски натпревари.

Адвокатката на принцот Хари, Џени Афија изјави дека тој е „горд на десетгодишната служба во британските вооружени сили“ и дека „продолжил да одржува активни врски дури и по заминувањето“.

Слични содржини