НА ЧЕКОР од широка употреба: Маск му даде „ВЕТАР ВО ГРБ“ на Биткоин

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Милијардерот Eлон Маск рече дека биткоинот е „на чекор“ да биде широко прифатен меѓу инвеститорите, изразувајќи поддршка за криптовалутата.

Коментарите доаѓаат откако извршниот директор на „Тесла“ ја постави ознаката „биткоин“ на Твитер и со тоа донесе скок во вредноста на дигиталната паричка од 14 проценти.

За време на неговото гостување во апликацијата Clubhouse, Маск рече дека тој е поддржувач на Биткоинот, а разговорот привлече илјадници слушатели.

„Мислам дека биткоинот е на чекор да биде широко прифатен од конвенционалните финансии“, рече тој и додаде дека требал да купува пред осум години.

Маск е основач, извршен директор и главен соработник за технологија на „СпејсЕкс“, ко-основач, инвеститор, извршен директор на „Тесла“, основач и извршен директор на „Неуролинк“ и основач на „Боринг Компани“.

Тој е исто така ко-основач и поранешен претседател на СоларСити, како и ко-основач на ПејПал.

Маск неодамна стана најбогатиот човек на светот, бидејќи неговото богатство ја надмина бројката од 185 милијарди долари, што го симна Џеф Безос од тронот.