Ивановска: За ЈО нема криминал и злоупотреби во предметот за „Матка“ и случајот со ректорот

од Nikola Popovski

„Јавното обвинителство ни ги отфрли предметот за „Матка“ и иницијативата за ректорот“, изјави вечерва претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

За случајот со платформите на Матка, Ивановски вели дека очигледно е дека тамошниот градоначалник им овозможил на лицата-сопственици на платформите да остваруваат материјална корист.

„За ЈО тоа не е злоупотреба. Во случајот со ректорот, во тој одговор од ЈО, ги прочитавме истите зборови кои што ги слушнавме во нашата институција. Дали еден човек кој што треба да биде пример или и тој треба да работи по лоши примери од претходно. Се чувствува некаква влијание“, посочи Ивановска.

Таа запраша дали во Јавното обвинителство им се благи принципите што е криминал, а што не е.

„Или треба да се менува законот или треба да се менуваат луѓето“, истакна претседателката на ДКСК.

Слични содржини