Убиецот на Нешковски бил пронајден во населба во Софија, не пружил отпор при апсењето

Како што е познато, убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов, вчера беше уапсен во Софија, откако долго време беше баран со потерница.

Тој синоќа бил уапсен во населбата Младост од страна на полицијата која добила дојава, објави Бугарското национално радио, а пренесе МИА.

„Игор Спасов беше уапсен вчера во главниот град, во областа Младост, каде што се криеше. Според медиумите, тој има 14-годишна затворска казна во Република Северна Македонија за убиство. Спасов живеел во Софија во стан во областа Младост во главниот град. Полицијата добила сигнал дека тој се крие таму. Спасов беше уапсен вчера попладне“, пренесе БНР на својот веб портал.

За потсетување, Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето.

Слични содржини