Ќе се достави барање до бугарските власти за екстрадиција на Игор Спасов

од Nikola Popovski
283 прегледи

Министерството за правда ќе бара екстрадиција на поранешниот полицаец Игор Спасов кој беше уапсен вчера во Софија од страна на бугарската полиција.

Мотив за неговото апсење тоа било пријава за насилство од негова љубвница, кај која живеел. Таа во полицијата се пожалила дека од Спасов добивала закани. При проверката полицајците утврдиле дека за него е распишана меѓународна потерница за убиството на Мартин Нешкоски во Скопје, па го уапсиле и пријавиле кај македонските колеги.

„До Министерството за правда утрово пристигна известување од Министерството за внатрешни работи дека лицето Игор Спасов е приведено во Софија. Министерството за правда, по прибирањето на сите потребни документи, во предвидениот рок ќе достави до бугарските власти барање за екстрадиција на Игор Спасов назад во земјава“, соопштија од Министерството.

И штипскиот суд, кој му го одобри здравственото отсуство на Спасов, а после кое, тој никогаш повеќе не се врати во затворот, ги собира сите документи за екстрадицијата на Спасов.

Спасов беше осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски, одлежа осум години и успеа да избега во октомври 2019 година.

Слични содржини