Организаторот на протестот за „Монструм“ доби казна од 500 евра

од Nikola Popovski
455 прегледи

Блерим Ахмеди, лицето кое во МВР како организатор пријави одржување на протест како поддршка за обвинетите во случајот„Монструм“, денеска во 12 часот бил во полициската станица на Битпазар, по претходен повик од покана.

„Вчера бевме повикани од полицијата преку телефон и немавме писмена покана, што е спротивно на законот. Бевме повикани за проблемот со протестот на 29 јануари и тие бараа одговорност за немање социјална дистанца, не носење на маска. Во полициската станица во Бит Пазар имавме голем притисок. Ми беше забрането правото на јазик и не ни беше дозволено да користиме преведувачи. Ја добив казната, од околу 500 евра и ми се заканија дека ако продолжам со протестите како организатор, ќе ме уапсат“, изјавил тој за ТВ Лајм.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во текот на вчерашната собраниска седница рече дека за протестот во петокот има и кривични и прекршочни пријави и најави дека јавноста за тоа ќе биде информирана деновиве.

Протестот што се одржа на 29 јануари во МВР бил претходно пријавен, но демонстрациите завршија со инциденти.

Инаку, од МВР, во врска со инцидентите за време на протестот како поддршка за обвинетите во „Монструм”, велат дека се работи на препознавање на сторителите кои скршија шоферјшајбни на четири полициски возила, како и стаклото од влезната врата на МНР, но камења беа фрлани и врз нововселената зграда на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Од МВР нагласуваат дека се утврдуваат нивните идентитети преку снимките направени за време на протестот.

 

Слични содржини