Првиот вицепремиер Артан Груби го информирал, на денешната средба, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири дека на административните службеници решенијата им се поделени за три дена.
Според Груби, ова е благодарение на одличната соработка помеѓу Министерството за политички систем и Министерството за информатичко општество и администрација.
Пред десетина дена, Груби објави дека точно 1 349 службеници кои, според Рамковниот договор, се вработени во Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците, ќе бидат распоредени во 237 институции и органи на државната и локалната самоуправа.