Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја пофали младината на неговата владејачка АК партија, бидејќи, како што изјавил, таа ја носи славната историја на нацијата и не е ЛГБТ младина.
Четворица студенти беа уапсени во Истанбул во саботата за уметничко дело кое наводно комбинирало ЛГБТ симболи со слика на една исламска веб-страница.
Протести се одржале по говорот на Ердоган, објави Би-Би-Си.
Вкупно 159 лица беа приведени во понеделникот, повеќе од кога било досега за време на неколкунеделни демонстрации, иако околу 100 беа ослободени следниот ден. Хомосексуалноста е легална во Турција, но официјалното спротивставување на ЛГБТ заедницата расте во последните неколку години.
Маршот на гордоста во Истанбул беше забранет пет години по ред до 2019 година, а поради Ковид-19, тој не се одржа ниту во 2020 година.