Џафери: Пописот е политичка одлука и не сум сигурен дека пандемијата ќе заврши во јуни

200 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денес во интервју за МИА, посочи дека одложувањето на пописот е политичка одлука.

Исто така тој не е согласен и сигурен во одлуките, па се прашува на што се заснова прдлогот да биде одложен пописот во јуни или јули и дека тогаш ќе заврши Ковид пандемијата.

„Собранието донело Закон за одржување попис. Пропишало рокови за сите и во овој момент сметам дека беспредметно е да се излегува со размислувања вакви или онакви. Ако сметаат дека треба да се одлага, тогаш треба политичка одлука за тоа. Таа политичка одлука треба да се преиначи во законско решение. И за колку време би се одлагало тој попис? Според она што го слушам да се одлага за јуни или јули. На што се заснива тој предлог? Во контекст на Ковид, што би значело тоа. Има некој информација дека во јуни, јули ќе заврши пандемијата па ќе можеме да го спроведеме или пак ќе дојдеме во празнина законска и тогаш уште да влеземе во правен хаос. Што ако не се одржи во јуни или јули ако предусловите се и тогаш како што впрочем и беа за изборите 2020 година оти проценивме јуни-јули ќе биде ситуацијата поинаква. Да, беше поинаква само во негативна конотација“, изјави Џафери.

Како што посочува Џафери, Законот за попис овозможува тој да биде соодветно спроведен и секој граѓанин кој ги исполнува условите да биде попишан, а толкувањата во однос на пипадниците на етничките заедници вели дека се прават за политички цели.

„А толкувањето после на резултатите во смислам дали овој би бил толку или оној би бил помалку тоа се веќе коментари кои што се прават за други цели, а тие други цели се секако политички цели. Секој сака да се одржи на власт, и секој сака да дојде на власт. Впрочем тоа е смислата на политичкото организирање. Во смисла на пописот треба да се обезбедат предуслови кој и да ќе дојде на власт бидејќи и тој што ќе биде во опозиција има обврска кон граѓаните да создава предуслови за граѓаните да бидат задоволни со статусот, со правата, со можностите“, посочи Џафери.

Во контекст на веќе стекнатите права, додава тој, тие не може да бидат предмет на калкулација по кој било основ затоа што затоа постојат меѓународни правни документи што ги гарантираат индивидуалните права како темелни вредности и колективните, вклучувајќи ги и политичките права на граѓаните.

Слични содржини