Владата на вчерашната седница донесе заклучок со кој ги задолжи Министерството за финансии, министерството за информатичко општество и администрација и министерството за политички систем и односи со заедниците, со највисок приоритет да ги разгледаат и одобрат годишните планови за вработување за 2021. година, на сите инспекциски служби, информираше на денешната прес конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашковска.
Инспекторатите во последната недела од јануари направиле 4959 контроли. Акциските контроли продолжуваат, а согласно заклучок од вчерашната седница на Владата за одобрување на годишните планови за вработување сите инспекциски служби ќе се зајакнат.
Овој Инспекторат од 25 до 31 јануари издал и 4373 решенија за изолација и самоизолацијаа, со што, како што посочи Грашковска-Филиповска, продолжува трендот на намалување на издадените решенија
Државниот пазарен инспекторат, пак, спровел 3571 контрола и 757 надзори поврзани со Законот за заштита на наелението и заразни болести и проколите за работа на угостителските објекти, но и други закони. Притоа се изречени 23 прекршочни пријави, 14 решенија за неправилности и 63 прекршочни платни налози.
Од вкупниот број решенија пет се за непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти и тоа од два во Охрид, и по еден угостителски објект во Госитвар, Тетово и Битола. На сите им е изречена забрана за вршење дејност и соодветно ќе се изрекуваат и платни налози. Не се почитувало работното време и мерката по четири лица на една маса.
Инспекторатот за труд за една недела во која се спроведени 367 контроли, донесе 10 решенија и пет прекршочни платни налози. Од 10-те решенија за неправилности едно е за непочитување протокол за превентивни мерки за сите работни места, а пет се за вработени лица кои не носеле заштитна маска на работното место.
Агенцијата за лекови не констатирала неправилности во извршените 14 надзори, Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 390 надзори и изрекла 14 решенија, 31 едукација и еден прекршочен платен налог, додека Државниот инспекторат за животна средина изврши 50 надзори и констатира осум неправилности во областа на животната средина и донесени се шест решенија од кои пет се по Закон за води, а три од Законот за животна средина.