276
МВР информира дека во Прилеп полициски службеници ја привеле Ј.Ш.(30) од Прилеп, за која била распишана потерница од затворот Идрозово во Скопје.
„Утрово во 05:45 часот на улица „Беровска“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја приведоа Ј.Ш.(30) од Прилеп, за која била распишана потерница од Казнено поправната установа „Затвор Идризово” во Скопје. Лицето било во бегство и истата се барало за доиздржување на казна затвор во времетраење од две години и четири месеци“, соопшти денеска МВР.
Ј.Ш. ќе биде предадена во „Затвор Идризово“.