264
„Преставник на руската амбасада соопшти дека имале понуда до нашето Министерство за здравство за руската вакцина, но нашите власти не одговориле. Денес дознаваме дека таа вакцина има ефикасност од 92 проценти“, вели претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов за емисијата „24 анализа“.
Според него, само колективен имунитет ќе не заштити.
„Не можеме да очекуваме дека ќе се заштитиме преку вакцините. Доцни нивната испорака. Се што ни се случува е поради политичката и менаџерската неспособност на оваа власт“, смета Пандов.