Ковакс програмата ќе обезбеди 330 МИЛИОНИ вакцини за неразвиените земји

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Ковакс програмата ќе обезбеди 330 милиони дози вакцини за земјите во развој и ќе набави нови милиони дози што има намера да ги испорача до крајот на првата половина на оваа година, објави денеска агенцијата што управува со оваа програма.

Привремениот план за дистрибуција предвидува испораките да опфатат околу 3,3 проценти од населението во 145 земји опфатени со програмата, пренесува „Ројтерс“.

Донацијата Ковакс ќе вклучува и околу 240 милиони дози вакцини на „АстраЗенека“ произведени од индиската компанија Serum Institut, плус 96 милиони што ќе бидат произведени во погоните на „АстраЗенека“, плус 1,2 милиони вакцини на „Фајзер“.

Меѓу земјите кои ќе бидат меѓу првите што ќе примат вакцини од програмата Ковакс ќе бидат Јужна Африка, Зелено’ртските Острови и Руанда, објави официјален претставник на СЗО Ан Линдстранд.

Слични содржини