Доматите кои ги паметиме од детството, беа толку различни што честопати мислиме дека се некој друг вид зеленчук од оној што го има денес во супермаркетите. Станува сè потешко да се најде зеленчук кој нема „пластичен“, „воденест“ вкус или каков било вкус.
Во супермаркетите најчести се оние чиј вкус може да се нарече безличен.
Зошто е тоа всушност така?
Едно истражување дава одговор на тоа прашање и покажува дека 93 отсто од современите домати немаат верзија на генот кој го дава нивниот посебен вкус. И покрај фактот дека сметаме дека виновникот е генетска модификација, всушност причината лежи во одгледувачите, т.е. нивниот обид да извлечат максимум од доматите.
Со текот на времето, гените за подобрување на вкусот се губат. Затоа денешните плодови кои се продаваат во супермаркетите немаат генетска разновидност, а со тоа и вкус.
Наодите беа објавени во списанието Nature Genetics, во кое беа анализирани генетските податоци за 725 плодови на домати. Потоа тие ги споредиле овие податоци со домашниот геном на доматот Хајнц 1706, кој често се користи како репрезентативен пример за геномот.
Споредбата покажа дека на Хајнц 1706 му недостасуваат околу 5.000 гени и дека на повеќето домати што можат да се најдат во супермаркетите им недостасува редок облик на ген што им дава вкус. Тој ген TomLoxC е пронајден кај 90 отсто од дивите видови.