Во Законодавниот дом закажани три комисиски седници

222 прегледи

Во рамки на седниците во Собранието, закажани се три Комисиски седници, меѓу кои оние за европски прашања, труд и социјална политика и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог – законот за меѓународна соработка во кривичната материја, во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика треба, во рамки на денешната седница ќе ги разгледа амандманите за девет закони по скратена постапка. Пред пратениците на оваа седница се исто така и измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, измените и дополнувањата на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, измените и дополнувањата на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, измените и дополнувањата на Законот за заштита од вознемирување на работно место, измените на Законот за практиканство, измените и дополнувањата на Законот за волонтерството, измените и дополнувањата на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, измените на Законот за вработување на инвалидни лица, како и измените и дополнувањата на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

На дневен ред на Законодавно – правната комисија се петнаесетина закони и автентично толкување.

 

Слични содржини