Денес пред ГOБ „8 Септември“ се оддржа протест на вработените во администрацијата и техничкиот персонал бидејќи не добиле еднократна парична помош од Владата. Тие бараат и ним да им се исплати еднократната помош од 30.000 денари бидејќи, како и лекарите, биле изложени на ризикот од заразата од корона вирусот.
„Револтирани сме од понижувачкиот и некоректен однос кон нас. Со одлука на влада им беше исплатен еднократен паричен надоместок за сите вработени во ковид центите, освен на нас 195 вработени кои бевме изземени од мерката. Ние сме постојано вклучени во процесот на работа и поддршка со ковид пациенти“, посочија вработените и присутни на протестот.
Тие излегоа и со транспарент „И ние сме здравство и работиме во ковид болница“.
Инаку, Дел од нив работат без продолжен договор, а 150 лица немаат решение за работа веќе 6 години.