Милорад Додик изјави дека бил сведок во Обвинителството на БиХ денес во случајот „Икона“ и додаде дека во тој случај немало инкриминирачко дело, обвинение или повикување на кој било член од Законот за прекршоци, што очигледно значи дека тоа е класичен спин, што го создала и пласирала во јавноста министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ.
Претседателот на Претседателството на БиХ уште еднаш повтори дека иконата не и припаѓа на Украина и дека Украина не ја бара, пренесува РТРС.
Додик одговори на повикот на Обвинителството на БиХ, каде беше испрашуван за наводната афера „Икона“, што му ја подари на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во средината на декември минатата година.
Поради оваа афера, амбасадорот на БиХ во Москва Жељко Самарџија бил сослушан претходно во Обвинителството на БиХ, а ќе сведочат и двајцата членови на Претседателството на БиХ, Сефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, пренесуваат регионалните медиуми.
Случајот во Обвинителството на БиХ е формиран врз основа на информации од министерот за надворешни работи во Советот на министри на БиХ Бисера Турковиќ дека одделот добил белешка од Амбасадата на Украина во која се тврди дека иконата дадена на Лавров е украдена во Украина и припаѓа на нивното културно наследство.
Додик рече дека е подготвен да ја врати иконата и се извини ако Украина понуди докази дека иконата е нивна.