ЕУ ги признава пропустите во набавката на вакцини

од Nikola Popovski
207 прегледи

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за првпат ги призна недостатоците на европско ниво во набавката на вакцината против коронавирусот.

„ЕУ ги потцени компликациите што можат да се појават при производството на вакцини“, рече таа во интервју за утрешното издание на германскиот „Зидојче цајтунг“.

Одговарајќи на зголемената критика дека ЕУ е премногу неодлучна во набавката на вакцините, Фон дер Лајан рече дека „една земја може да биде глисер, а ЕУ е повеќе вид на товарен брод“.

„Премногу се фокусиравме на прашањето дали ќе има вакцини, односно на неговиот развој“, посочи таа.

Од денешна перспектива, според неа, било потребно паралелно да се размислува за предизвиците на масовното производство.

„Требаше да им објасниме на луѓето дека сè напредува, но полека, и дека може да има проблеми и одложувања во оваа целосно нова постапка. Сепак, ние потценивме какви компликации можат да се појават“, објасни таа.

Таа потсети дека Европската комисија нарарачала до 2,3 милијарди дози вакцини за 27 свои членови од вкупно шест производители.

Во моментов, компаниите испорачуваат помалку од очекуваното или ветеното.

Во меѓувреме, вели таа, правецот е добар во однос на бројките за испорака.

Вон дер Лајен истакна дека владите на сите 27 земји-членки биле тесно вклучени во преговорите со фармацевтските компании.

Слични содржини