Бајден и Путин веќе се „скараа“: Причината е Навални!

272 прегледи

Кремљ денеска ја осуди „доста агресивната“ реторика на новиот американски претседател Џо Бајден, откако тој побара ослободување на опозиционерот Алексеј Навални.

„Тоа е многу агресивна и неконструктивна реторика, жалиме за тоа“, рече портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков во телефонскиот брифинг со новинарите.

Песков, сепак, изрази надеж дека тоа ќе остане „основа за соработка и покрај огромниот број на спорови и разлики за клучните прашања“.

Вчера, при неговата прва посета на Стејт департментот како претседател, Бајден побара итно ослободување на Алексеј Навални.

Слични содржини