Османи во Тирана на средби со Мета, Мајко и Баша

274 прегледи

Во продолжение на својата официјална посета на Тирана, министерот за надворешни работи на Бујар Османи, оствари средби со претседателот на Албанија, Илир Мета, државниот министер за дијаспора, Пандели Мајко како и со лидерот на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша

За време на разговорите беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Албанија, изразена подготвеност за јакнење на регионалната соработка, а со цел поттикнување на економскиот раст, намалување на невработеноста, борбата против нелегалната миграција, а во насока на  подобрување на социјалната благосостојба на нашите граѓани, како и за зголемување на обемот на трговијата, инвестициите и вработеноста во областа на сите земји од регионот на Западниот Балкан

„Целите и интересите за развојот на регионалната соработка се обострани. Одлучни сме дека ќе се залагаме за нејзина надградба и секој од нас, согласно своите можности, да даде сопствен придонес во развојот на добрососедството меѓу сите земји од Западниот Балкан. Како непосредни соседи, директно сме заинтересирани за успех и на дијалогот Приштина – Белград, воден под покровителство на Европската Унија и САД, кој во голема мера ќе вдахне нова сила, нов импулс на доверба во регионот, и ќе претставува сериозен исчекор кон безбеден и стабилен Балкан“, истакна Османи за време на средбата со Претседателот Мета.

Посетата во Тирана, Османи ја искористи да се сретне и со државниот министер за дијаспора, Пандели Мајко, при што заеднички го потпишаа Договорот за соработка во областа на дијаспората.

Официјалната посета на Албанија, за Османи беше уште една станица од неговата дипломатска мисија и турнеја низ земјите од регионот и поблиското и пошироко соседство имајќи ги во предвид заложбите на Османи во јакнењето на мирот, еднаквоста, владеењето на правото и просперитетот за сегашните и идните генерации во земјите од Западен Балкан.

 

Слични содржини