Актерот Висар Вишка, преку својот Фејсбук објави дека ќе поднесе тужба за дискриминација кон Македонскиот народен театар и Министерството за култура.
-Соживот. Едно општество за сите. Денес ги добив одлуките за унапредување. Не ја добив мојата што е одбиена туку на колегите што се унапредени. Не исполнувам услови за актер 3та, 2ра и 1ва група. Според моите колеги, јас сум актер 4та група. Почетник. Аматер. Сега мојот следен чекор е тужба за дискриминација. Затоа што ако останам овде да го растам моето дете, сите скриени фашисти морам да ги згазам. А уметниците треба да се совеста на еден народ. На човештвото, пишува Вишка.
Соживот. Едно општество за сите.
Денес ги добив одлуките за унапредување. Не ја добив мојата што е одбиена туку на…Posted by Visar Vishka on Friday, 5 February 2021