Џафери: Потребна е политичка одлука заснована на факти за да се одложи пописот

од Берта Китинска
160 прегледи

Првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери во интервјуто за МИА најави формирање работна група чија цел ќе бидат измени и дополнувања или нов Деловник за работа на законодавниот дом.

-Идејата ни е тој процес поради пандемијата да го отпочнеме сами овде ние, без физичко присуство и надгледување од европратениците и периодично колегијално да ги информираме за напредокот по кој одиме. Можам да кажам дека таму се вклучени сите, истакна Џафери.

Џафери исто така во интервјуто зборува и за тоа дека за одлагање на пописот е потребна политичка одлука која треба да биде заснована на одредени факти.

–  Пропишало рокови за сите и во овој момент сметам дека е беспредметно да се излегува со вакви или онакви размислувања. Ако сметаат дека треба да се одлага, тогаш треба политичка одлука за тоа. Таа политичка одлука треба да се преиначи во законско решение. И за колку време би се одлагал тој попис? Според она што го слушам, да се одлага за јуни или јули. На што се заснова тој предлог? Во контекст на ковид, што би значело тоа. Има некој информација дека во јуни, јули ќе заврши пандемијата, па ќе можеме да го спроведеме или, пак, ќе дојдеме во законска празнина и тогаш уште да влеземе во правен хаос. Што ако не се одржи во јуни или јули ако предусловите се и тогаш како што впрочем и беа за изборите 2020 година оти проценивме јуни-јули ќе биде ситуацијата поинаква. Да, беше поинаква само во негативна конотација. Затоа велам само политичкото изјаснување во смисла на размислување како што се кажува е недоволно за оваа одлука. Има закон, или ќе се приклучат сите да го извршуваат законот, или ќе се случи тоа што најавуваат дека ќе се случи. Едни најавуваат дека собираат потписи, други велат ќе спроведеме закон, трети велат некои други предуслови. Тоа е веќе политичка дебата во која јас како претседател на Собранието не би сакал да се вклучам. Надлежностите на Собранието беа да се донесе закон, се донесе закон, се пропишаа рокови. Првичното решение беше сите подзаконски акти да се донесат во рок од шест месеци, а имајќи го предвид тајмингот на носење на законот беше неопходно сите тие рокови да се скратат и актуално теле рокот и обврската на Заводот за статистика да ги направи сите подготовки според законот да го изврши пописот, вели Џафери.

 

Слични содржини