Мицкоски: Методологијата за пописот прави една двојна операција

од Берта Китинска
253 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека во методологијата за пописот има двојна операција.

-Методологијата за пописот прави една двојна операција.Најрпвин велат дека постојат бази на податоци коишто ги содржат параметрите коишто се потребни да дадат одговор на прашањето кое е резидентно население, а кое е населението кое изминативе година дена го одјавило своето живеалиште во Македонија, за потоа во вториот дел да велат „попишувачите на терен ќе ја констатираат таа состојба, истакна  Мицкоски.

Мицкоски вели дека со обезбедување на терминалите за отчитување на отисоци ќе бидат откриени измамите од пописот.