Зеќири и Смилевски меѓу сопартијците во Бутел

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Денеска Потретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири и Претседателот на ОО СДСМ Бутел Велимир Смилевски заедно се на терен со граѓаните од Бутел.

„Граѓаните ги препознаваат успешните политики и се приклучуваат кон СДСМ. Процесот на ажурирање на членството се одвива со одлично темпо, членовите се силно мотивирани. Истовремено, голема е заинтересираноста на нови членови, кои секојдневно се приклучуваат кон СДСМ, кон најсилната, најмодерната и најдинамичната партија. Граѓани кои решиле токму сега да се приклучат на СДСМ и да придонесат.

Најважно за нас, за СДСМ, се вредностите, визиите, политиките. Политики кои значат напредок, прогрес, еднаквост, правда, социјална држава, ефикасни институции, повеќе пари кај граѓаните, повеќе инвестиции, капитални проекти, поголеми плати и пензии кои ги реализираме, повеќе мерки и пари за фирмите, поголеми шанси за младите и систем, ред, правда и поредок.

СДСМ е одговорна и државотворна партија која поставува нови стандарди, носи нова вредност во политичкото дејствување. СДСМ е партија што победува, ја ужива довербата од граѓаните но и постојано се менува, модернизира, подобрува, за уште подобро да им служи на граѓаните“, се вели во соопштението на партијата на власт.

Слични содржини