Турскиот институт за статистика објави дека населението во Турција се зголемило за 459.369 лица минатата година во споредба со претходната година.
Бројот на жители во Турција на крајот на 2020 година надмина 83,6 милиони, што е зголемување за 0,55 проценти на годишно ниво, објави агенцијата Анадолија.
Според податоците објавени во четвртокот, во Турција има 41.915.985 мажи и 41.698.377 жени, или 50,1 процент од популацијата се мажи, а 49,9 проценти се жени.