269
Папата Франциско ја назначи Натали Бекарт за потсекретар на епископскиот синод.
Французинката ќе има право на глас во рамките на црквата.
Оваа 52-годишна жена е еден од двајцата нови потсекретари назначени во синодот, епископско тело кое ги проучува големите проблеми.
– Назначувањето сигнализира желба за поголемо учество на жените во процесот на донесување одлуки во црквата. Зголемен е бројот на жени кои учествувале како експерти и слушатели – рече кардиналот Марио Греч , генерален секретар на Синодот.Синодот е предводен од епископи и кардинали кои имаат право на глас, а во него има и експерти кои не можат да гласаат. Шпанецот Луис Марин де Сан Мартин е назначен за втор потсекретар.