Деспотовски: ТИРЗ развива мерки со кои ќе се поттикне растот на платите на вработените

од Берта Китинска
269 прегледи

Еден од главните столбови на новиот концепт во работењето на ТИРЗ е привлекување странски инвестиции со поголем квалитет кои ќе донесат повеќе пари во буџетот но и подобро платени места, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во своето видео обраќање.

-Дополнително, целта е до 2024 година вработените во компаниите кои се веќе активни во ТИРЗ да добиваат 30-50 проценти поголеми плати. За таа цел ТИРЗ работи на развој на мерки и програми со кои ќе се поттикне растот на платите преку зголемена продуктивност на трудот и вложување во унапредување на вештините на домашните работници.Долгорочно, ова е дел од стратегијата и начин на младите да им се обезбеди перспектива и иднина во земјава и да се спречи процесот на нивно иселување, вели Деспотовски.

Слични содржини