Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на Рамуш Харадинај, кој претходно најави спојување со Албанија и формирање на т.н. Голема Албанија.
– Харадинај е опасен човек и мислам дека не лаже кога зборува за обединување со Албанија. Секој ден, како папагали, зборуваа за обединување, но тоа не е нивна идеја, туку американска. Тие се обидоа да не протуркаат преку договорот во Вашингтон, но ние одбивме. Јасно е дека тој сака целосно понижување на Србија, и ние не се согласуваме со такво понижување, тоа го реков и во Белата куќа – рече Вучиќ.
Тој исто така одговори на заканите од лидерот на Алијансата за иднината на Косово и кандидатите на претседателските избори во лажната држава.
– Харадинај се заканува дека ќе ме сруши, веќе неколку пати ми се закануваше и тоа е во ред. Секогаш е можно, и ќе видиме дали тоа ќе се случи. Тој е секако сериозен политичар и опасен човек. Нема да учествувам во понижување на сопствениот народ и уништување на сопствената држава – истакна претседателот.