Николовски: Во Пехчево имаме 100 нови членови, доминантно млади

од Vladimir Zorba
162 прегледи

„Особена чест е да се види дека и најстарите членови на СДСМ, нашите ветерани, го ажурираат своето членство. Денеска во Пехчево, членството го ажурираше Љупчо Вуксанов, еден од првите членови на СДСМ, уште од основањето на партијата“, соопшти Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Во исто време, нови членови пристапуваат во партијата ширум државата, млади, возрасни, мозаик на различни генерации. Во Пехчево имаме 100 нови членови, доминантно млади. Тоа е новата енергија на СДСМ за нови успеси и нови промени.

Во рамки на посетата одржавме и работна средба со градоначалникот и раководството на ОО СДСМ Пехчево. СДСМ е партија на сите, се менува, но ги чува и трајните социјалдемократски вредности врз кои почива“, додава тој.

Слични содржини