Николовски: Ќе бидат разрешени сите каде ќе бидат констатирани неправилности во работењето

од Берта Китинска
171 прегледи

Ќе бидат разрешени сите кај кои ќе бидат констатирани неправилности во работењето, истo како што тоа било случај и досега, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

– Борбата против криминалот и корупцијата, како и стеснување на просторот и можностите за трошење на фунционерите и натаму се врв на агендата на Вкадата Имаме разрешени повеќе директори, заменици директори, претседатели на управни и надзорни одбори… отколку што предложила Државната комисија за спречување на корупцијата, за кои информаците стасаа до мене директно од граѓаните и медиумите, рече Николовски.

Тој додаде дека како што стигнуваат иницијативите од ДКСК до неговиот кабинет, така и се постапува и оти тоа така ќе продолжи и во иднина.

-Дали иницијативите биле доставени на друго место ќе ги прашате од ДКСК, мислам дека го уредивме и тој дел секоја иницијатива да стасува и до нас. По секој основ каде е констатирано прекршување, вклучително и на кодексот, етичките норми и највисоките етички вредности кои ги промовираме секаде, се постапува, рече Николовски, додавајќи оти е уверен дека соработката со оваа институција ќе продолжи да оди по нагорна линија.

Слични содржини