МИСТЕРИОЗЕН МОНОЛИТ СЕ ПОЈАВИ ВО ТУРЦИЈА, близу до локалитет постар од Стоунхенџ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
262 прегледи

Властите во Турција истражуваат мистериозен монолит, кој неочекувано го откри локален земјоделец во југоисточната провинција Санлиурфи.

На монолитот се гледа натпис на турски јазик, кој гласи „Погледни го небото, ќе ја видиш месечината“.

Таинствениот објект е висок околу три метри и е откриен недалеку од локалитетот Гобекли Тепе, кој содржи мегалитски структури кои датираат од 10 век п.н.е., илјадници години пред Стоунхенџ и кои се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Полицијата ги разгледува снимките од надзорните камери во пошироката област, обидувајќи се да го идентификува возилото што можело да го превезува монолитот.

Во текот на изминатата година, мистериозни монолити се појавија во бројни земји и исчезнаа по некое време.

Утврдено е дека уметничка група стои зад монолитот. Дали е ова така и овој пат, истрагата ќе покаже.M

Слични содржини