Откриено за што служи мистериозниот монолит во Турција

од Nikola Popovski

Металниот монолит што мистериозно се појави и исчезна на поле во југоисточна Турција беше трик за јавноста пред вчерашниот владин настан за време на кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја објави вселенската програма на земјата.

Три метри високата метална плоча со древна турска азбука беше пронајдена во петокот од земјоделец во провинцијата Шанлиурфа.

Откриен е во близина на Гобекли Тепе, место кое се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО, каде се наоѓаат мегалитни градби од 10 милениум п.н.е, односно илјадници години пред Стоунхенџ.

Сепак, сјајната структура со натпис „Погледни го небото, ќе ја видиш месечината“ на древната турска азбука Гоктурк, исчезна утрово, со што уште повеќе ја „замрси“ мистеријата, пренесува АП.

Сликата на монолитот подоцна беше проектирана на екран додека Ердоган ја презентираше турската вселенска програма на телевизија.

Слични содржини