Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска по денешната средба со генерал – мајор Џозеф Џерард, заменик – командант на американските сили во Европа, кој престојува во еднодневна посета на нашата земја изрази благодарност истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска по денешната средба со генерал – мајор Џозеф Џерард, заменик – командант на американските сили во Европа, кој престојува во еднодневна посета на нашата земја.
„Нема поцврста и поблиска соработка од тоа својот живот да го довериш на војникот до себе, а тоа е она што македонските и американските војници го правеа сиве овие години, особено во Авганистан, прво во ИСАФ, а потоа и во ’Одлучна поддршка“. Како што соработуваме во мировните мисии, така соработуваме и да ја зајакнеме колективната одбрана на Алијансата“, порача министерката.
Таа додаде дека со нетрпение ги очекуваме припадниците на 15-тиот инженерски баталјон од американските сили во Европа кои ќе пристигнат во нашата земја во текот на овој месец и заедно со инжинерците на Армијата ќе работат на подобрување на инфраструктурата на Криволак, што е шанса да имаме нови вежби и нов тип на вежбовни активности на полигонот.
Генералот Џерард рече дека му претставува чест и привилегија да биде првиот генерал во официјална посета на Република Северна Македонија по пристапувањето во НАТО.
С.Македонија се покажа и како лидер во регионалните безбедносни иницијативи, како што се САД-Јадранската повелба и Балканските медицински наменски сили. Во моментов американските сили тренираат заедно со Армијата на Северна Македонија во рамките на вежбата „Комбинирано решение XV“, вели Џерард и порача дека со нетрпение ја очекува вежбата „Бранител Европа 21“, што ќе ја зајакне силната врска меѓу двете армии.