252
Претседателот на Владата, Зоран Заев денес ќе земе учество во дебата организирана од страна на Атлантскиот совет.
Имено, истата ќе биде модерирана од Лорд Џорџ Робертсон, кој е поранешен генерален секретар на НАТО, како и Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атлантскиот совет.
Според информациите на Владата, дебатата ќе биде на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“, на која ќе се разговара и за темите врзани за приоритетите во битката против Ковид, како и прогресот и реформите во однос на приклонување кон Европската Унија.