ЕУ договорила со Фајзер уште 300 милиони дози на вакцини

од Stefanija Kuzmanovska
124 прегледи

Европската унија договорила со Фајзер и БиоНТек испорака на дополнителни 300 милиони дози од нивната вакцина против ковид-19, изјави денеска портпаролот на Европската комисија.

ЕУ обезбеди 300 милиони дози од вакцината на Фајзер во ноември минатата година и на 8 јануари објави прелиминарен договор за уште 300 милиони дози, што предвидува можност за дискутирање на условите на новиот договор.

„Комисијата усвои нов договор денес“, изјави портпаролот за „Ројтерс“.

Официјалниот претставник вклучен во разговорите со Фајзер рече дека според новиот договор, земјите од ЕУ веќе нарачале 200 милиони дози што ќе бидат доставени оваа година, додека разговорите за роковите за останатите 100 милиони дози се уште траат.

„Разговорите со Европската комисија се во тек“, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на Фајзер, додека портпаролот на БиоНТек одби да коментира.

Слични содржини