Путин: Русија е единствената земја во светот што разви 3 домашни вакцини против коронавирусот

од Nikola Popovski
152 прегледи

Русија е светски лидер во правење вакцини против коронавурусот, изјави рускиот претседател Владимир Путин на седницата на Советот за наука и образование.

„Благодарение на нашите научници, Русија е светски лидер во правењето вакцина против короната. Не реков ништо неочекувано или ново“, рече шефот на руската држава.

Тој истакна дека Русија е единствената земја што веќе има три вакцини, домашно произведени.

„Без сомнение, тоа е најголемиот успех во областа на науката“, додаде Путин.

Да потсетиме, три вакцини во моментов ја минуваат третата фаза на тестирање во Русија: препарати на Институтот Гамалеја, Институтот Вектор во Новосибирск и Институтот Чумаков. Првите две вакцини активно се користат во масовната вакцинација во земјата.