Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, ќе треба јавно да се извини, да побара прошка од граѓаните и веднаш да поднесе оставка, ако се потврди дека бил осуден за незаконски дела во Германија, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ на денешната прес-конференција.
„Според информации објавени јавно во повеќе медиуми, како што е пренесено, судот во градот Ахен, пред неколку години, пресудил дека Милошоски сторил кривично дел фалсификување исправи.Освен една нејасна изјава, во стилот не сум од тука, Милошоски го нема да се произнесе за овој нов скандал.Неодоговорно, молчи и Христијан Мицкоски“, вели Кузеска.
Таа додава дека за овој голем срам, Милошоски не треба да бега и да се крие туку веднаш да излезе пред граѓаните.
-Тој има обврска за овој скандал јавно да се произнесе, исто како и Христијан Мицкоски.Какви кривични дела сторил во 2004 и 2005 година во Германија?Зошто ги криел податоците од граѓаните?Дали интензивното генерирање лажни вести е за да го прикрие сопствените криминали?Ако се потврдат овие информации, Милошоски треба јавно да се извини, да побара прошка од граѓаните и веднаш да поднесе оставка, вели Кузеска.