Бритни Спирс: Како поп-sвездата стана жртва на нејзиниот татко и медиумите?

од Nikola Popovski
212 прегледи

Во едночасовниот документарец „Framing Britney Spears“, од Њујорк Тајмс, се појавуваат луѓе кои никогаш не зборувале за животот на некогашната најголема поп-везда.

Да не беше тажна, животната приказна на Бритни Спирс веројатно ќе беше една од најфасцинантните во светот. Таа се прослави како мало девојче, учествувајќи во локалната програма за таленти „Star Search“. Нејзините родители, Xејмс и Лин Спирс, беа убедени дека нивната ќерка ќе стане голема sвезда i затоа заминаа со воз во Њујорк, бидејќи немаа пари за авион. Таму, тогаш непознатата Бритни, сними неколку демо песни, се претстави на неколку издавачки куќи и доби одличен хит.

Во ерата на машките бендови, таа успеа да ја раздрма музичката сцена со хитот „Baby One More Time“ и да влезе во историјата на поп културата.

Документарецот исто така покажа колку е лицемерен светот, а жртва на тоа лицемерие беше Бритни. Медиумите создадоа секс икона од неа, а потоа се обидоа да ја уништат поради тоа. Типичен пример на мизогинија во кое општеството потона и во кое најдобро плива. Таа го носеше товарот на славата на рамениците, контрадикторноста на јавноста, што на крајот ја чинеше многу: се облекува секси, но се однесува како девица и никогаш, но никогаш, не зборува и не го искажува својот став, наведува „TeenStar“.

Од раскинувањето со Џастин Тимберлејк, каде што таа беше обвинета дека е неверна девојка, преку прашање на прес-конференцијата „дали е девица“ (како да треба да загрижува некого?!), до осуда дека таа е лоша личност затоа што е фотографирана „гола“.

Филмот предизвика лавина од коментари и извинувања од јавни личности, а прв на удар беше секако Тимберлејк, а тука е и водителката Дани Савиер и нејзиното неславно интервју од 2003 година, во кое буквално ја расплака тогашната млада поп sвезда со прашање за Тимберлејк.

Слични содржини