Руските пратеници денеска гласаа за законот за заострување на казните за кршење на правилата кои ги регулираат протестите, а тој закон доаѓа неколку дена по сузбивањето на протестот за поддршка на затворениот опозиционер Алексеј Навални.
Текстот испратен до Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, предвидува парична казна за демонстрантите до 4.000 рубли (околу 44,5 евра), што е четири пати поголема од износот на сегашната парична казна во случај демонстрантот да одбие да се покорува на наредби на полицијата.
Законот предвидува и повисоки казни за кршење на правилата за прибирање средства и за трошоците за организирање митинг.
Текстот на законот ќе биде испратен до горниот дом на парламентот за усвојување.
Во Русија, десетици илјади луѓе излегоа на улиците од крајот на јануари и побараа ослободување на Навални. Околу 10.000 луѓе беа уапсени на овие нелегални собири.
Во последниве години, Русија продолжи да ги заострува казните од овој вид и постапките за добивање дозвола за организирање демонстрации.
Новата иницијатива доаѓа неколку месеци пред парламентарните избори, закажани за септември.