Пановски: Фајзер излезе безобразен, а ние ја немавме храброста на Србија за вакцините

353 прегледи

Во своето гостување во „Само вистина“, Д-р. Никола Пановски посочи каде е грешката во рамки на доцнењето во процесот на вакцинацијата. Имено, посочи на храброста на соседна Србија, но и безобразлукот на Фајзер.

„Може да тврдиме дека Астра зенека е најефтина вакцина и дека е безбедна. Ние требаше да тропнеме на маса и да си купиме уште во декември вакцини. Имаме морално право да го направиме тоа. Имаме храброст за глупости, но за ваква работа не сме храбри. Но ако ние денес имавме 100.000 вакцини како Србија ќе го заживеевме туризмот и сите останати страни. Фајзер пак, излезе типично безобразен што Србија ја ограничи што да прави со вакцините“, истакна Пановски.

Слични содржини