ЛЕБРОН ГИ ЗАГРИЖИ ОБОЖАВАТЕЛИТЕ: Не знам уште колку можам да ѝ пружам на кошарката

од Stefanija Kuzmanovska
350 прегледи

Леброн Џејмс уште еднаш блесна во победата на Лејкерс над Оклахома по продолженијата. За 43 минути игра запиша трипл-дабл од 28 поени, 14 скока и 12 асистенции.

По натпреварот, Леброн ги загрижи обожавателите кога беше прашан кога планира да се пензионира.

„Не знам колку долго ќе играм. Не знам уште колку можам да ѝ пружам на (професионалната) кошарката, но ако земете предвид како се чувствувам во оваа фаза – ќе видиме. Немам точен распоред за ова прашање. Самата игра ќе ми даде до знаење дека дошло време (за крај)“, рече Џејмс, кој ја освои четвртата награда за МВП на финалето минатиот септември, на возраст од 35 години и 284 дена стана втор најстар играч со тоа признание во НБА, зад Карим Абдул Џабар.

Слични содржини